Министсртвото за внатрешни работи во денешниот билтен објави детали за сообраќајната несреќа што се случи вчера во 09:05 часот на магистарлниот пат Охрид – село Подмоље.
Патничко возило „Опел корса“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 48-годишен жител на село Велмеј, општина Дебрца, откако претекнувал две возила, изгубило контрола над возилото и излетало од патот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, соопшти МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Г.М.