Министерството за внатрешни работи објави соопштени9е во кое изрази жалење за, како што се вели, настанатото недоразбирање со новинарот од ТВ Клан, Фуркан Салиу, на настанот по повод Денот на полицијата 7 Мај, организиран од МВР.
Со цел да се надмине недоразбирањето, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во текот на денешниот ден телефонски разговараше со новинарот Фуркан Салиу, упати извинување за ситуацијата која настана поради тоа што агендата на настанот – свечена церемонија по повод Денот на полицијата, не предвидуваше изјави за медиуми, за што новинарите беа и претходно известени. – стои во соопштението.
МВР информира ека во врска со овој настан веќе постапува и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР и доколку се утврди пречекорување на службените овластувања, службениците ќе бидат соодветно санкционирани.
OhridNews