Институциите задолжени со Акцискиот план за грејната сезона 2024-2025, продолжуваат со реализација на мерките што треба да дадат резултат во намалување на загадувањето на воздухот.
Од вкупно 1859 контроли низ градовите на државата, во Скопје се направени 70, во Тетово 195, во Охрид 383, во Битола 429, во Велес 102, во Куманово 150, во Штип 209, во Струмица 143 и по патиштата низ државата 178. Податоците од направените контроли покажуваат дека од вкупната бројка, осум возила биле нерегистрирани, кај четири се детектирани неисправни уреди за мерење на емисијата на испусните гасови, а шеест и девет возила се исклучени од сообраќај, посочуваат од Министерство за животна средина и просторно планирање.
OhridNews