Заклучно со податоците до 14 часот, од МВР информираат дека нема регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на изборите. До 14 часот примени се вкупно 26 пријави по однос на изборни нерегуларности (поткуп на гласачи, носење гласачи на избори, фотографирање на гласачко ливче, како и гласање за друг), додека пак евеидентирани се и уште 10 прекини на гласање на одделни избирачки места каде што после консултации и краток застој од по 15 до 20 минути гласањето е продолжено.

Исто така од досегашните активности по пријави од граѓани – осум пријави се веќе расчистени (две во радовишко, четири во валандовско и две во струмичко) и тие се отфрлени како неосновани. Потоа, во два случаи идентификувани се лицата за кои се однесуваат пријавите и се работи на целосно расчистување на тие пријави. Во еден случај, во Струга, идентификувано е лице по однос на пријава за поткуп на гласачи и се прават консултации со надлежен Јавен обвинител при ОЈО Струга, а во Кавадарци едно лице е лишено од слобода (гласал и во име на неговата сопруга) и се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

OhridNews