Министерството за внатреши работи (МВР) поднесе прекршочна пријава за репрезентативецот на Македонија, Стојанче Стоилов и уште еден учесник во инцидентот кој се случи во Скопје.


– На 02.02.2016 година во 04:30 часот во ПСОН Центар, С.С. од Скопје пријавил дека од страна на Т.Г. (33) од Скопје и 4-5 непознати лица врз него е извршен физички напад, при што се здобил со видливи повреди. Имено околу 04,00 часот, на ул.„Костурски херои” бб во пекарницата „Силбо”, додека С.С. јадел заедно со неговите другари Д.М. и Н.Т. му пришле 4 до 5 непознати лица, кои сакале да се сликаат со него, но кога одбил, почнале вербално да го навредуваат и да му упатуваат поградни зборови, по што истите излегле надвор и почнале да ги оштетуваат возилата на Д.М. и Н.Т. По ова и С.С. заедно со Д.М. и Н.Т. излегле надвор да видат што се случува при што С.С. бил физички нападнат со клоци и тупаници од страна на Т.Г. и другите непознати лица со кои претходно имал вербална расправија. Од извршениот разговор со инволвираните лица и со сведоците случајот е расчистен и на С.С. и Т.Г. им е издаден записник за констатиран прекршок по чл. 11 (“тепачка”) од ЗППЈРМ“, стои во билтенот од МВР.

За нарушувањето на јавниот ред и мир двете лица ќе платат од 300 до 500 евра, а Стоилов ќе се соочи со казна од клубот Вардар кој најави суспензии за евентуално вмешување во инцидентот.

OhridNews