Одделот за организиран криминал при МВР до Јавното обвинителство – одделение за гонење сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција, поднесе кривична пријава против лицата М.Д. (37) од Прилеп, Н.С. (31) од Скопје, Б.И. (31) и О.И. (27) двајцата од Битола, поради основано сомение дека сториле кривично дело – “трговија со малолетно лице“.

Имено, пријавените Б.И. и О.И. на 08.02. со патничко моторно возило (односно такси возило “форд ескорт“ со штипски регистарски таблички) дошле во Скопје, по претходен договор со М.Д.,  со намера да одат на место викано  „Буково„- охридско, да собираат старо железо. Притоа со  возилото  ги повеле и пријавената Н.С., инаку вонбрачна сопруга на М.Д. и нејзините три малолетни деца (две девојчиња близначки на осумгодишна возраст и момче на шестгодишна возраст). На патот кон Охрид пријавените застанале со возилото, при што од возилото излегле  М.Д., Б.И., О.И., Н.С. и едно од девојчињата кое од страна на М.Д., Б.И. и О.И. било однесено недалеку од патот каде што било сексуално злоупотребено од страна на  Б.И.. За тоа време Н.С. останала до возилото заедно со другите две деца кои биле во возилото. После ова тие сите заедно го продолжиле патот, но по извесно време злоупотребеното девојче почнало обилно да крвари и откако пријавените не успеале да го спречат крварењето мајката Н.С. заедно со М.Д. го однеле девојчето во Општата болница во Охрид каде што над него била извршена хируршка интервенција. 

За  злоупотребата на девојчето Н.С.  добила извесна парична надокнада од страна на Б.И. а исто така и порано за парична надомест мајката овозможувала девојчето да биде сексуално злоупотребувано од Б.И. Истражен судија на пријавените им одреди мерка притвор од по 30 дена.  

извор:
МВР