СВР Охрид поднесе кривична пријава против ДПТУ „Нестле Адриатик Македонија“ ДООЕЛ-Скопје и против Д.М.(42) од Скопје, управител на наведената фирма за сторено кривично дело „измама“. Пријавените во април 2008 година, го довеле во заблуда Л.К. од с.Велгошти-охридско дека е добитник на автомобил „пежо 207“ во наградна игра организирана од страна на истите, пуштајќи во промет две чоколади „нестле„ со знак на добивка, иако знаеле дека наградата се доделува само на едно лице и дека истата е веќе доделена на лице од Скопје. На овој начин, пријавените го оштетиле Л.К. со недоделување на главната награда во износ од 586.482 денари.

Сторијата за измамата ексклузивно ја објави Ohridnews кој и денеска контактираше со правниот застапник на оштетените. Нивниот адвокат ни изјави дека оштетените и „Нестле Адриатик“ започнале преговори за меѓусебно решавање на спорот и дека додека траат разговорите двете страни ќе се воздржат од било какви изјави.

извор МВР