Министерството за внатрешни работи почнува да работи на изготвување на нова кривична пријава против лицето кое досега е осомничено за „Насилство спрема претставници на највисоки државни органи“ и „Поткуп“. Делото кое сега му се става на товар е предвидено и казниво согласно член 317 од Кривичниот законик, „Оддавање државна тајна“. За ваквото кривично дело во законот е запретена затворска казна во времетраење и до 10 години, соопшти МВР.

-Имено, ставот 1 од членот 317 предвидува „ Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде или стори достапна државна тајна што му е доверена, ќе се казни со затвор од една до десет години. Ставот 2 предвидува дека „Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе му соопшти, предаде или стори достапни податоци или документи за кои знае дека се државна тајна, а до кои дошол на противправен начин, ќе се казни со затвор од една до пет години“. Доколку пак сторителот бил предмет на манипулација и делото го сторил од небрежност, согласно законот ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. Исто така е кристално јасен и ЗАКОН ЗА КЛАСИФИЦИРАНИ ИНФОРМАЦИИ кој во член 8 вели „Класифицираната информација со степен “ДРЖАВНА ТАЈНА” е информација чие неовластено откривање би предизвикало загрозување и нанесување непоправливи штети на трајните интереси на Република Македонија“. – се вели во соопштението.

МВР смета дека осомничениот на вчерашната прес конференција на опозициската СДСМ изнел бројни конструкции и лаги, но и презентирал детали од Договор за донација кој што бил класифициран со најголем степен на тајност, односно „Државна тајна“. 

OhridNews