На социјалната мрежа Facebook забележани се групи кои претставувајќи се како официјални групи на правни субјекти и државни институции во нашата земја, организираат разни наградни игри и ги доведуваат во заблуда граѓаните, информираат од МВР.

Од граѓаните бараат да ги споделат нивните лични податоци и документи (лична карта, пасош) како и нивните податоци од платежни картички, а со единствена цел искористување на нивните лични податоци за понатамошни криминални активности.

Од МВР со апел до граѓаните да не наседнуваат на измами од ваков тип и да не ги споделуваат нивните лични податоци. Се преземаат активности за решавање на проблемот.

OhridNews