Осум ученици и чувар загинаа во основно училиште во Белград откако 14-годишно момче пукало со огнено оружје. Шест ученици и еден наставник се тешко повредени, соопшти МВР на Србија.

Повредените се хоспитализирани. Меѓу нив има и во тешка здраветвена состојба.

Во училишниот двор е пронајден и приведен ученикот од ова училиште К.К.(2009), кој е осомничен дека го сторил ова дело. Сите полициски сили се уште се на терен и интензивно работат на расветлување на сите факти и околностите што довеле до оваа трагедија, се наведува во соопштението на белградската полиција

Во Владата на Србија во 13 часот и 15 минути ќе се одржи вонредна прес-конференција по повод трагедијата што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“. На прес-конференцијата ќе се обратат министерот за образование на Србиоја, Бранко Ружиќ, министерката за здравство Даница Грујичиќ и претставник од МВР на Србија.

OhridNews