За да им излезе во пресрет на граѓаните во однос на непречено остварување на нивното гласачко право, Министерството за внатрешни работи известува дека Управните служби задолжени за издавање на лични карти ќе работат и и во сабота и во недела.

Во текот на денешниот ден, почнувајќи од 7.00 часот па се до 19 часот, ќе бидат примани барањата за лични карти, а заинтересираните граѓани истото ќе може да го сторат и во недела од 7.00 часот до 12.00 часот. Изработените лични карти ќе се издаваат се до затворањето на избирачките места, односно до 19.00 часот во недела 22.03.2009 година.

OHRIDNEWS