Министерството за внатрешни работи-МВР, дел од јавните исправи, лични документи, потврди и уверенија на граѓаните ќе ги издава во рок од 30 минути по приемот на нивното барање.

Документи кои граѓаните ги добиваат за овој рок се продолжување на важноста на регистрација на возило, регистрација на ново возило купено ново, промена на сообраќајна дозвола при промена на податоци на сопственик на возилото, одобрение за патување во странство на малолетно дете до 14 години без присуство на родител и потврда за издадена патна исправа.

Оваа листа на документи, како што соопшти владиниот портпарол, Ивица Боцевски,  во иднина ќе биде проширена.