Според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која вчера престојуваше во работна посета на охридската Езерска полиција, Владата на Република Македонија е заинтересирана за изнајдување одржливо и трајно решение за проблемот со бранителите од конфликтот во 2001 година, но истото да биде спроведено согласно законите. Таа ги отфрли обвинувањата упатени до МВР од страна на Здружението на бранителите „Достоинство“ и истакна дека не може да најде разбирање за обидите преку манипулации со да се злоупотребуваат чувствата на бранителите.
– Навистина не можам да најдам разбирање кога поединци, пред се претседателот на Здружението, манипулирајќи со фактите и погрешно цитирајќи ги прописите, ги злоупотребува чувствата на граѓаните кои претпрпеа ненадоменстлива штета во 2001 година, рече Јанкуловска која денеска престојуваше во работна посета на Езерската полиција во Охрид.
По однос прашањето за текот на постапката за 28-те предмети по кои отпадна основот по кој на барателите им била исплатена отштета, Јанкуловска појасни дека без писмена согласност на Државниот правобранител, никој па ниту МВР, ниту било кој функционер од Владата не може да располага со имотот на државата односно да врши процесни дејствија спротивни на Законот за парнична постапка.
Семејствата на бранителите се револтирани од односот на државата која бара ги да вратат што на име отштета ги добиле од неа пред 8 години и тоа со камата. Овие пари ги бара Државата
со тужба од минатиот месец, а семејствата кои се во шок велат дека немаат од каде да ги вратат.