Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно Одлуката за изменување на Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата, министерствата и другите органи на државната управа, работното време во организациските единици на Министерството и на подрачните единици на Одделот за граѓански работи од 24. 04. 2020 година, е организирано со почеток од 8:00 до  16:00 часот.

  • Ве известуваме дека од страна на Одделот за граѓански работи беа доставени насоки до сите подрачни единици под негова надлежност, сите граѓани кои имаат закажано во термините после работното време да бидат примени во било кое време, во истиот или наредните денови од закажаниот термин, информираат од МВР.

OhridNews