Нивото на заштита на финансискиот сектор во Македонија е големо, тврди началникот на секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, Маријан Стоилковски.
– Имаме одлична соработка со финансискиот сектор во однос на идентификација и истражување на кривични дела кои се случиле во нивни институции. Заштитата во овој сектор е на највисоко ниво и самото плаќање преку интернет е целосно безбедно. Овие институции се грижат за безбедноста на податоците на граѓаните кои вршат плаќања преку интернет и овој начин треба што повеќе да се користи, додава Стоилковски.
Информира дека во Македонија во пораст е трендот на таканаречени Е- комерц злоупотреби на интернет, измами преку кражба на податоци и лажни интернет профили.
OhridNews