Секторот за внатрешни работи-Охрид по повод денот на ослободувањето на Охрид испрати честитка до граѓаните. Во честитката се вели:  

„По повод 7 – ми Ноември, денот на ослободувањето на град Охрид, до сите граѓани испраќаме искрени честитки и желби за лично здравје, професионален успех и раст на град Охрид во сите сегменти од неговото живеење.

Во тие желби, особено ја потенцираме подршката што Секторот за внатрешни работи Охрид ја имал од граѓаните во контекст на непречено извршување на работите од областа на безбедноста и имплементирањето на трите принципи на концептот на соработка меѓу Полицијата и граѓаните : надворешна ориентација на Полицијата, формирање партнерство меѓу Полицијата и граѓаните односно заедницата и професионално решавање на  нивните проблеми и потреби што секако е во согласност со стратегиската определба на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија за целосна транспарентност и отворање на институцијата кон граѓаните во борбата против криминалот, одржување на поредокот во општеството и заштита на човековите права и слободи.“

ohridnews