Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните доколку имаат било каква информација за Марк Јорис (72), белгиски државјанин кој на 18.09.2024 од страна на Интерпол Брисел и амбасадата на Белгија е пријавен како исчезнат, да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 112.

Во МВР е пријавено дека Марк Јорис е исчезнат, а, според пријавеното, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар- општина Маврово и Ростуше и на север кон Албанија. Со помош на дрон е извршена потрага и опсервација на теренот, но лицето не е пронајдено, а се преземаат и низа други мерки и активности за пронаоѓање на лицето, соопштија од МВР.

Апел доколку некој го забележи или веќе го има забележано лицето во изминатите денови да ја сподели информацијата со операторите на 112 или да пријави во најблиската полициска станица претходно упатија и од Националниот сојуз за планинско спасување.

Воедно, посочија дека лицето последен пат е забележано во атарот на с.Лакајца, струшко, на 18-ти септември како се движи по позната патека High Scardus Trail и очекувано било да помине низ Вевчани, Охрид и НП Галичица се до манастирот Св.Наум, каде што завршува последната етапа од патеката.

OhridNews