Полицијата не врши упад во А1 телевизија, туку на барање на Управата за јавни приходи асистира во акцијата за финсксиска контрола на фирми чие седиште се наоѓа на иста адреса како и телевизијата, истакна портпаролот на Министерството за внатрешни работи Иво Котевски, во директното вклучување во  отвореното студио на А1.

– Телевизија А1 не е меѓу фирмите кои се предмет на контрола на финансиската полиција, туку фирми чија дејност е работа со прехрамбени производи. МВР апелира новинарите да не дозволат да бидат измамени и изманипулирани и да постапуваат спротивно на нивниот етички кодекс и да бранат финансиски интереси на фирми кои немаат допирна точка со медиумите и со А1 телевизија. – рече Котевски.

OhridNews