Музичката тема на филмовите од серијалот “Star Wars” е прогласена за омилен сaундтрак во истражување спроведено од радиото BBC.


За музиката на Џон Вилијамс гласале скоро четвртина од испитаниците, што не е ни чудно бидејќи овој композитор зад себе има неверојатни 48 номинации за оскар и е вистинска филмска легенда.

На второ место на листата се најде уште еден култен композитор Енио Мориконе со музиката за филмот “The Good, the Bad and the Ugly”, а на трето место се најде Леонард Бернштајн со музиката од “West Side Story”.