“Музиката нема граници“, им порача Моралес на грчките провокатори
30.08.12 01:01
Познатиот светски Ди-џеј Дејвид Моралес остро реагираше на написите на своите грчки фанови на неговиот профил на Фејсбук, откако му приговорија што го употребил уставното име на Република Македонија.
Моралес на неговата фан страница на социјалната мрежа Фејсбук постави фотографија од неговиот концерт во Битола на Широк Сокак, пренесе телевизијата Тера. Како локацијата на одржаната забавата, Моралес наведе Битола, Македонија, што ги предизвика неговите фанови од соседна Грција.
Тие и се обидоа да му дадат на знаење дека тој одржал забава во ФИРОМ или во Скопје, но никако дека тоа е Македонија, оти Македонија била во Грција. Револтиран од политиката и историјата која се обидуваа да му ја објаснат, Моралес им се обрати со следниот текст.
„Вистинска штета е што луѓето се возбудуваат за политиката и историјата од која дури и тие никогаш не биле дел од неа. Немојте да не ме почитувате заради тоа што напишав за нешто специјално и неверојатно и каде се случило. Јас го нареков како што се вика денес. Што се однесува за политиката, засрамете се сите кои што ги изнесовте вашите погледи и вашите глупави реторики, кога се беше само за посебниот настан, каде што јас бев поканет да настапам и да направам луѓето да се забавуваат. Не ме инволвирајте во вашата политика. Негативните луѓе се оние кои што го држат овој свет назад од напредокот и да стане подобро место за живеење. Мрази го својот сосед, убиј го својот сосед, одлична филозофија. Моите пофалби, за оние со ограничени сфаќања. Имам љубов за сите нации и религии. Музиката нема граници. Мир“, се вели во рекацијата на прославениот ди-џеј.
Oвој ден, 25 јануари, е ден на спомени и силни емоции, ден посветен на нашиот Тоше Ќе остане да живее во нашите срца како голем човек, хуманист, заради музиката која извираше од неговата душа, а и ...
Двата инциденти како што информира СВР Охрид се случиле вчера Најпрвин во 1325 часот во охридската полиција било пријавено дека вработена во Општата болница во Охрид физички нападнала своја колешка...
2580 лица се регистрирани за невработени во Охрид согласно статистиката од Агенцијата за вработување заклучно со демекври 2024 година Од нив, 1230 се жени, а 1350 мажи 541 лица се регистрирани за н...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.