Шпанските уметници Карлс Лама и Софија Кабруха, вчеравечер, на публиката во црквата Св.Софија и приредија вистинско уживање изведувајќи дела од М. Мошковски, Д. Басомба и Е. Гранадос.
Лама и Кабруха, кои вчера настапија во рамки на фестивалот Охридско лето, во светот се познати по неверојатната синхронизираност, брилијантната техника, како и одличното познавање на сите жанрови во уметничката музика. Заедно музицираат уште од 1987 година. На нивниот репертоар се наоѓаат речиси сите големи дела за четирирачно пијано, уште од времето на Јохан Себастијан Бах, па сè до делата од 21-виот век, како и дела специјално компонирани за овој состав. Нивната активна изведувачка дејност ги носи на најпрестижните музички сцени, каде често соработуваат со некои од најзначајните светски оркестри и диригенти.
OhridNews