Последниот ден во одбројувањето до почетокот на второто издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“ ќе го искористиме за преставување на изведувачите кои ќе бидат задолжени за добра музика и забава за време на трката на 5 и 10 километри и тим билдинг трката.
Музичкитте изведувачи ќе ги има на неколку места, а тие ќе бидат задолжени за што подобра атмосфера помеѓу учесниците, бидејќи музика и трчање е совршена комбинација.
На стартот и на целта за музиката ќе се погрижи Dj Regie Rules, неповторливиот Dj Crazy Slave ќе пушта музика кај Бистро Корнер, Филип Жура кај Горна Порта, на кејот Македонија гитаристите Јован Јованоски и Јован Чифлигароски, а кај Св. Софија саксофонистот Зоран Трајчески кој заедно со гитаристите доаѓаат од Државното музичко училиште (ДМУ) Тодор Скалоски – Тетоец.
Организираторот на „Охрид трчаТ“ ги повикува сите охриѓани и туристи да излезат на улиците или да дојдат на градскиот плоштад да ги бодрат натпреварувачите и на крајот заедно да се забавуваат, бидејќи Охрид ќе биде македонски епицентар на спортските збиднувања.
OhridNews