Новогодишната програма во Охрид почнува со најмладите во 12:30 часот, а ќе кулминира со музичко – театарскиот спектакл за деца и млади „Новогодишна детска бајка“.
Богата програма е предвидена и за дочекот на Нова година на градскиот плоштад. За забавниот дел ќе се погрижат диџеите Јана Слеј и Багзи, Татјана Стефановска, групата ДНК, Нино Величковски и групата „Фортуна“.
Забавата во најлудата ноќ почнува во 21:00 часот.
На 1-ви јануари, точно на пладне, ќе настапат групата „Балкан џем“ и Драган Мијалковски.
Г.М.
Фото: Архива/Охридњуз