Тетараскиот дел од фестивалот Охридско лето продолжи со музичко сценската претстава „АртОркестра“ што синоќа во предворјето на Св. Софија ја изведе Националниот театар од Букурешт.

Оваа театарска трупа за прв пат гостува на Охридско лето, а за „сефте“ беше изведена урнебесната комедија „АртОркестра“ која всушност е мешавина од концерт и драма.

Претставата „АртОркестра“ на репертоарот на Националниот театар од Букурешт е од 2014 година, а ја играат актери од новата генерација.

Фестивалот вечерва продолжува со концерт на Камерниот оркестар на музичката младина на Македонија под диригенство на Саша Николовски Ѓумар. Почетокот на концертот на кој ќе бидат изведени дела од Чајковски, Х. Персл, Г. Ф. Хендл, е во 21 часот во црквата Св. Софија.

OhridNews
фото: „Мега продукција“