Најочекуваното музичко – забавно шоу и оваа зима во Охрид – „Зимска бајка“, ќе се одржи на 23 декември во центарот за култура „Григор Прличев“. Оваа година „Бајката“ ќе не врати во 80-те години од минатиот век, во еден од најплодните периоди на светската музика.

Дел од безвременските хитови од осумдесеттите ќе бидат изведени од волшебниот бенд на „Зимска Бајка“ и вокалните солисти Емилија Колоска и Христијан Тоневски. Шоуто традиционално ќе биде зачинето со креативен хумор за кој се задолжени познатиот стендап комичар Никола Тодороски и професионалниот актер Стрезо Стаматовски – алијас „2 Mothers brothers“ и специјалните гости, извонредните комичари Атанас и Тино, но тоа не е се…

Влезниците за седмото издание на сценскиот спектакл „Зимска бајка“, што се одржува во продукција на Охридњуз, во продажба во ограничен број, ќе будат пуштени во петок, 15 декември во „Топ маркет“ кај Чинарот, по цена од 600 денари, а ќе се продаваат по принципот „прв дојден – прв услужен“.

Дел од влезниците се резервирани за соработниците, помагателите и поддржувачите на манифестацијата, како и за хуманитарни цели што организаторот традиционално ги реализира во соработка со лајонс клубовите од градот. И оваа година ложите во центарот за култура ќе имаат Вип содржина, по претходна резервација.

Дел од атмосферата на последната „Зимска бајка“ во 2022 година

Непосредно пред Нова година, во издание на OhridNews, ќе биде промовирано печатеното издание на Годишната ревија на настани, која бесплатно се дистрибуира до читателите. На гала настан во Кадмо бар, кој ќе се емитува во живо на социјалните мрежи и на нашиот портал, ќе бидат доделени признанијата на најуспешните приказни во Охрид во 2023 година.

Г.М.