Врвните јапонски уметници Кеико Кома и Идаки Шин, вечерва ќе настапат на Античкиот театар во Охрид.

Тие ќе изведат музичко поетски перформанс инспирирани од Охрид и Македонија.

„Охрид го избравме  како град за концерт бидејќи сметам дека е светска престолнина на културата и духовноиот мир, вели Кеико Кома“, која влече корени од јапонското царско семејство.

За вечерачниот концерт не е подготвен посебен репертоар, туку ќе се импровизира во комуникација со публиката“, вели музичарот и композитот Идаки Шин.

Овие двајвца уметници задно настапувале на сите континти. Нивните концерти, како и вечерашниот во Охрид се посветени на заложбите за мир во светот. Со нив насекаде патува и група јапонски туристи, нивни обожаватели, а во Охрид дојдоа 100-на.

Настапот на Кома и Шин во нашиот град има огромно значење не само за развојот на културата и уметноста туку и за развој на туризмот, реше на вчерашната средба со јапонските уметници, градоначалникот Петрески.


Петрески на уметниците им подари слика и златна маска…


тие нему рачно изработена кутија за визит карти

Концертот на Кеико Кома и Идаки шин почнува во 21ч. на Античкиот театар. Влезот е слободен.

Г. Момироски