Клуб Ребел Охрид 31.08.2024

Крајот на летната сезона во клубот „Rebel“ во Охрид ќе биде означен со забава со уште еден светски познат диџеј. Во сабота, 31 август, во Охрид гостува живата легенда на електронската музика Марко Бејли (Marco Bailey) кој најавува спектакуларен сет за љубителите на добрата музика.

Марко вели дека е подготвен да го „запали“ подиумот во „Rebel“ кој на охриѓани и гостите ќе им понуди уште една незаборавна ноќ по што овој клуб ова лето беше омилена дестинација на трагачите по квалитетна забава кои добрите вибрации од Охрид ги пренесоа на сите светски меридијани.

DJ Marco Bailey со порака до фановите во Охрид

Се започнува со ритам. Секој виртуоз во било која вештина, тргнува со љубов во срцето и длабоко уверување дека тоа е неговиот пат. Марко Бејли е икона, жива легенда. Тој е самоук диџеј и продуцент чија кариера почнала да се развива во доцните 80ти во неговата родна Белгија. Го посветил својот живот на музиката, а три децении подоцна, познат е како артист кој постојано го носи звукот на некое ново, повисоко ниво. На неговите патувања низ светот и диџејските сетови, умешно и со страст прави луѓето да уживаат и да се забавуваат. Се ова со неговата беспрекорна селекција и совршена техника. Преку Јапонија, Кина, Африка, Америка, Австралија, Аргентина… еве го Марко Бејли и во Охрид, во клубот Ребел.

Клубот „Rebel“

Саботната забава со диџеј Марко Бејли е поддржана од „Ред бул“ кој подготвува бројни изненадувања за посетителите, а ќе има и промоција на Водка/Ред бул.

Карти за музичкиот спектакл за крај на летната сезона во „Rebel“, ќе можат да се најдат во претпродажба по цена од 200 денари во охридската чаршија кај Аждер, додека на влез истите ќе чинат 300 денари.

OhridNews/PR