По повод 8 март- Меѓународниот ден на жената, Општина Охрид денес во концертната сала на Општинското основно музичко училиште „Методи Патче” со почеток во 19.00 часот, организира музички рецитал на Билјана Буџакоска во пијано придружба на Ивона Базглаоска.

Пред рециталот ќе биде отворена изложбата „Жени во фокусот“ во чии рамки ќе бидат изложени 12 фотографи сликани од објективот на Нина Ангелоска. Фотографиите се всушност 12 приказни на жени охриѓанки кои со својата работа се синоним за се она што значи ЖЕНА, информираат од Општина Охрид.

Реализацијата на овие два настани, додаваат, е во соработка со Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените при Општина Охрид.

OhridNews