Пејачот Бобан Цаневски, по повод денот на виното и љубовта, направи преработка на прекрасната балада „Љубена“ од Тоше Проески.

Оваа преработка, за која музиката своевремено ја направи маестро Симон Трпчевски, а аранжманот Живоје Глишиќ, е снимена во Д.Р.Д. Медија.

Цаневски наскоро најавува и голем музички проект со неколку звучни имиња од поп и напордната сцена.

Во продолжение уживајте во денот со преработката на „Љубена“.

OhridNews