Темни облаци со по некоја капка дожд горе, распенето езеро позади, расположена публика напред на исполнетата плажа – ресторан „Бонанца“. Веројатно фантастичкиот џез и фанк изведувач со светска кариера Владимир Четкар и извонредните музички уметници од неговиот секстет не биле ставени во поголема дилема отколку на синоќешниот концерт во „Бонанца“, на кој беше промовиран новиот албум на Владимир Четкар „Going Home“.

Но, Четкар не би бил Четкар доколку сета своја позитивна енергија не ја пренесе и низ тмурните облаци кои се беа надвиснале над Охрид. Не успеа да ги растури, бидејќи дождот проследен со ветер се засили и ја расипа првичната замисла на организаторите, што секако влијаеше и на расположението. Ништо повеќе не беше исто. Само за кратко, бидејќи тоа не беше крај на концертот.

Откако стана јасно дека нема услови настапот да продолжи на бината на отворено, Владимир Четкар секстет забавата ја пренесе во внатрешноста на објектот. И во таков импровизиран амбиент Владимир Четкар секстет приреди одлична „свирка“ на задоволство на најупорниот дел од публикаката која зедно со бендот синоќа реши да му пркоси на невремето.

Фото галерија:

Фото: А Момироска