Долги овации предизвика традиционалниот годишен концерт на Ансамбл „Билјана“, што изминатиот викенд се одржа во предворјето на црквата Св. Софија.
Наследниците на познатиот фолклорен состав уште еднаш ги разбудија спомените на славните претходници и прекрасната староградска песна, која ечеше во прекрасниот амбиент на Св. Софија.
Настанот кој се одржа во согласност со мерките за заштита од Ковид 19, го збогатија Ристо Самарџиев, Мартина Костова, Горан Папаз, хорот од црквата “Успение на Пресвета Богородица” – Каменско Охрид и други.
Музичка магија на Ансамбл „Билјана“ во предворјето на црквата Св. Софија
OhridNews
фото: Емил Јовановиќ