Терји Исунгсет одржал концерти во замрзнати водопади, на врвови од 3000 метри високи глечери и на температура од минус 33 степени целзиусови. Иако тоа звучи чудно, за него тие услови се составен дел од неговата работа. Овој норвежанин свири на инструменти направени од мраз повеќе од десет години и е основач на Ледениот музички фестивал во Норвешка.
Љубовта кон ледената музика започнала кога имал 20 години и кога бил повикан да свири на концерт во замрзнати водопади. Тогаш за прв пат се обидел да свири на ледени инструменти. Како перкусионист започнал со едноставни инструменти, користејќи сталактити кои природно се формирале. Подоцна неговиот репертоар се проширил на тапани, тромбон, харфа, труба и така натаму. Освен што свири тој и направил различни инструменти користејќи само мраз.