Музичарот Филипе Квинт, номиниран за наградата Греми, усеал да ја најде својата виолина вредна 4 милиони долари „Антонио Страдивари“ од 1723 година, која ја заборавил во такси.
За среќа, Квинт бил последен патник кој го возел таксистот за таа вечер бидејќи смената штотуку му завршила. Виолината во својата кутија мирно ја преноќила ноќта на задното седиште од таксито. Сопственикот на таксито Мухамед Халил немап претстава каква драгоценост чува се додека утредента наутро не го пребарал автомобилот по алармантните повици од такси службата, која го барала инструментот.