Паркиралиштето е обележано и осветлено, изграден е и влезот со наплатната куќичка со што се комплетираат пропратните содржини на оваа туристичка атракција.
Реконструираната Наколна населба е збогатена со уште 16 неолитски куќички, а изграден е и мини амфитеатар кој ќе служи за културни активности.
Изградбата на Музејот на вода во Заливот на коските според најавите чини околу 3,5 милиони евра, а средствата ги обезбеди Владата од буџетот на државата.
Музејот на вода доби паркинг и осветлување