Музејот Еротика во данскиот град Копенхаген, банкротирал по 15 години постоење, бидејќи градските власти одбиле да му ја дадат потребната финансиска помош. Музејот Еротика е отворен во 1994 година, а го имаат посетено повеќе од милион луѓе. Музејот има 25 галерии во кои се изложени фотографии, филмови и разни еротски предмети.
-Во музејот не се чуваат драгоцености од данската култура, па нема потреба да им даваме финансиска помош-рекол Ерик Боер, задолжен за култура.