Унгарскиот архитект Ерне Рубик, познат како изумител на Рубиковата коцка, минатата седмица потпишал договор со унгарскиот премиер Виктор Орбан за изградба на музеј на Рубиковата коцка. Музејот ќе биде посветен на домашните достигнувања и иновации во изминатиот милениум, а планирано е да биде отворен во 2017 година. Музејот, кој најверојатно ќе биде изграден на брегот на Дунав, ќе има форма на популарната играчка, а неговите промотери се надеваат дека ќе стане препознатлив симбол на Будимпешта во светот.

Рубиковата коцка, спој на креативност, решавање проблеми и игра, е механичка играчка која Рубик ја изумил во 1974 година. Се смета за една од најпродаваните играчки во светот, бидејќи до 2005 година била продадена во повеќе од 300 милиони примероци.