Музеј на рок музиката бил отворен во Барселона, еден од низата културни установи кои биле отворени во центарот на Каталонија. Комплексот бил направен во една обновена арена за борби со бикови. Музејот на рокот, прв од ваков тип во Европа, содржи сали посветени на „Битлси“, „Ролингстоунс“ и на други помалку познати шпански рок музичари.
Изградбата траела осум години, а вложени биле 200 милиони евра како би се довршил ултра модерниот трговски и културен комплекс. Во музејот се наоѓале простории посветени на популарните години на рок музиката, повремени изложби, а имало и концертна сала со 200 седишта.