Куќата на Робевци во која е сместен градскиот Музеј, деновиве се реновира. Се работи на надворешноста од куќата. Ќе се санира фасадата, а ќе се интервенира и на дограмата, ни објаснија работниците кои ги затекнавме кај Робевци.
Се реновира куќата на Робевци
Ревитализацијата на куќата на Робевци се врши согласно програмата на активности на Зводот и Музеј за 2008 година. Куќата на Робевци е еден од најрепрезентативните примероци на старата охридска архитектура. Овој споменик на културата своевремено е комплетно реконструиран според автентичниот оригинален изглед.
Уранија и Робевци
ohridnews