Австралиските истражувачи пронашле нова врста мува и и дале име Бијонсе, по пејачката Бијонсе Ноулс. “Scaptia Linthina beyonceae” била откриена во Квинсленд уште во 1981 година, но дури сега добила официјално име. Брајан Лезард, еден од научниците, ја нарекол оваа коњска мува „дива помеѓу мувите“.
Рекол дека има доста заеднички работи со популарната пејачка, како што се истата година на раѓање, големиот задник и светликавите бои. Ова не е прв пат некоја врста животно да добие име според некоја ѕвезда. Една врста жаба добила име по Стинг, а една врста пајак била наречена според Франк Запа.