Супербактеријата „МРСА“ убива повеќе луѓе од вирусот ХИВ, а научниците признаваат дека и покрај огромните напори и понатаму се беспомошни во борбата со оваа бактерија, пренесува „Макфакс“.
 
Семи Фелон имала само 17 години, кога во 2008 година со симптоми на свински грип била примена во една британска болница. Кога резултатите на лекарите им дале причина за  загриженост, дополнително и биле направени и уште некои други анализи, вклучувајќи и биопсија на коскената срцевина.
 
Дијагнозата покажала ретко пореметување на крвта и поради тоа била на хемотерапија. Докторите откриле и дека Семи во организмот има супербактерија. Таа починала пред било која од терапиите кои и биле препишани започнала да делува.
 
Научниците со децении работат на пронаоѓање на нови лекови кои ќе бидат барем еден чекор пред новите мутирани бактерии. Сепак, кога е во прашање „МРСА“ (вид на стафилокока отпорна на метицилин) тие се беспомошни.
 
Во Америка оваа бактерија секоја година убива 19.000 луѓе, што е многу повеќе од оние кои умираат од ХИВ вирусот. Слична е бројката на починати од „МРСА“ и во Европа.

OhridNews
извор:„Макфакс“