Репрезентативците на Македонија, Висар Муслиу и Елиф Елмас ги понесоа наградите за најдобри фудбалери во нашата земја и странство за годината која изминува. За најдобра фудбалерка прогласена беше Ленче Андреевска.

Поранешниот член на Шкендија, Муслиу се закити со наградата за фудбалер на годината во Првата лига. Тој со тимот на Шкендија стигна до титулата во македонскиот шампионат. Македонскиот бисер, Елиф Елмас е најдобар фудбалер во странство. Со квалитетните игри си обезбеди трансфер од Фенербахче во Наполи и место во една од најдобрите лиги во светот. Елмас и Муслиу имаат идентична желба која се вика пласман на Македонија на Европското првенство следната година.

  • Сакам да ѝ се заблагодарам на ФФМ и на сите во Шкендија, посебна благодарност до мојот тренер Ќатип Османи. Многу ми е драго што го добивам ова признание и се надевам дека сите заедно ќе славиме пласман на ЕП 2020. Сега е наше време. – изјави Муслиу.

Наградата за најдобар тренер ја освои Југослав Тренчовски од Академија Пандев, а посебното признание за животно дело замина во рацете на легендарниот коментатор Атанас Костовски. Најдобар судија во мак-фудбалот е Марјан Гоцевски од Струмица.

Добитници на награди:

Најдобар фудбалер во странство: Елиф Елмас (Наполи)

Најдобар фудбалер во Прва лига: Висар Муслиу (Шкендија)

Најдобар тренер: Југослав Тренчовски (Академија Пандев)

Најдобар стрелец: Влатко Стојановски (Ренова)

Најдобар стрелец жени: Ели Јаковска (СЦ Истатов)

Најдобра фудбалерка: Ленче Андреевска (Драгон)

Најдобар тренер жени: Илија Мандаров (Драгон)

Најдобар млад фудбалер: Џемал Ибиши (Вардар)

Најдобар стрелец младински фудбал: Флорент Рамадани (Шкендија)

Најдобра екипа младински фудбал: Шкендија

Најдобар тренер младински фудбал: Филип Деспотовски (Вардар)

Најдобар футсал играч: Тауљант Исмаили (Шкупи)

Најдобар тренер футсал: Зоран Лекиќ (Шкупи)

Најдобра репрезентација: У19 за пласман во елитните квалификации

Награда за афирмација на мак-фудбалот: Стефан Ристовски (Спортинг)

Награда за придонес во мак фудбалот: Алтрим Чура (Струга Трим Лум) и Кочо Анѓушев (Борец)

Награда за афирмија на фудбалот: Ива Пројковска (Судија), ФК Дарданет и Љупче Перински

Награда за животно дело: Атанас Костовски (коментатор)

Награда за постхумног дело: Слободан Вујчиќ-Брацо

Најдобар судија: Марјан Гоцевски

Фер плеј екипа: Академија Пандев

OhridNews
Фото: Екипа.мк