Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го означува денот кога е комплетиран светиот Куран.
Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на Исламот, на Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник.Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.
Традиционално Курбан Бајрам денеска ќе го одбележат и муслиманските верници од Охрид кои согласно обичаите ќе принесат жртва-курбан и ќе ги посетат сиромашните семејства.