Верниците од муслиманската вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам. Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан.

Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го означува денот кога е комплетиран светиот Куран.

Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на Исламот, на Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник. Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

Честитка по повод верскиот празник, до граѓаните од исламкса вероисповед упати и градоначалникот Никола Бакрачески.

„Празнувањето на  Курбан Бајрам поминете го во кругот на семејството, роднините и пријателите, во хармонична и весела атмосфера и во духот на спокојството и меѓусебната солидарност. Вашите мисли и срца нека бидат свртени кон мирот, радоста и заедништвото, како основни вредности за меѓусебно почитување и квалитетен соживот- се вели во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески по повод празнувањето на  Курбан Бајрам .   

OhridNews