Капитенот на Галатасарај, Фернандо Муслера утре ќе оди на операција за фрактурите на својата нога, потврдија од турскиот шампион.
34-годишниот голман добил двојна фркатура на тибијата и фибулата при судирот со напаѓачот на Ризеспор, Милан Шкода во првото полувреме од неделниот натпревар, кој Галата го загуби со 2:0. Уругваецот итно беше пренесен во болницата, каде што денеска му биле направени подготовките за утрешната компликувана операција.
Лутите ривали на Галатасарај, Бешикташ и Фенербахче и Ризеспор му порачаа брзо оздравување на голманот. Муслера е во Галатасарај од 2011 година и стана миленик на навивачите со 361 настап за клубот и пет освоени титули (2012, 2013, 2015, 2018, 2019).
OhridNews