Новиот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо ќе воведе железна дисциплина во составот на “кралевите“. Специјалниот ги издаде петте наредби кои ќе треба стриктно да се почитуваат .


1. Кој ќе закасне една минута, нема да игра.

2. Автобусот не чека никого. Кој ќе пристигне покасно нема да патува. Ако треба ќе играме и со човек помалку.
 
3. Секој треба да дава максимум од своите сили на тренинзите. Тренинзите ќе се интензивни – 90 минути – ниту повеќе ниту помалце.

4. Повредените фудбалери доаѓаат на тренинг еден час пред другите. Лекарите ги прегледуваат и востановуваат дали можат да тренират.

5. Сите мобилни телефони треба да се на тивок режим. Може да се зборува по телефон но никој не е должен да ја слуша музиката од телефонот.

Мурињо дојде во Реал, по блескавата сезона во италијанскиот Интер со кого ја освои тројната круна. Армадата навивачи на “Лос Галактико“ се надеваат дека тој успех ќо го повтори и со нивниот клуб.

М.П.