Поортугалскиот стратег, Жозе Мурињо, го продолжи договорот со седумнаесеткратниот шампион на Италија, Интер, до 2012 години, соопшти калчо лигашот на својата официјална веб страна.Со ова е ставен крај на бројните шпекулации околу наводното заминување на Мурињо од кормилото на Интер ова лето.


Мурињо во Интер до 2012 година

Португалецот беше поврзуван со трансфер во Шпанија, но тој ги демантираше таквите шпекулации со потпишувањето на нов договор со Интер. Многу е извесно дека во редовите на италијанскиот шампион ќе остане и најдобриот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, кој исто така беше поврзуван со трансфер на Пиринеите.

Ohridnews