Беше многу тешко за Тотенхем откако остана со десет играчи во поле. Мора да го почитuвaмe нашиот ривал, бидејќи во Англија може се` да се случи – смета Жозе Мурињо кој прв пат по 2003 го одведе Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на Шампиони.

Константиот притисок и брзата игра по земја дадоа плод за кралевите, кои немаа многу проблеми со англискиот тим, посебно по исклучувањето на Крауч, кога практично и се повлекоа на својата половина препуштајќи им го целиот простор на “белите“ за игра.

На ова ниво е многу тешко да се игра толку долго со десет играчи Можете само да се браните но и не да сторите нешто повеќе – потенцираше Мурињо кој напомена дека сакаат до финалето да влезат како тим без пораз во Лигата на Шампиони.

Побдникот од овај дуел во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот Барслона – Шахтјор.

Ohridnews