– Не сме толку блиску до финале, Барселона е моќна и силна на „Ноу Камп“, истакна тренерот на Интер, Жозе Мурињо. Португалскиот стратег на клупата на Интер не е задоволен со примениот погодокот на домашен терен. Не му се допаѓа ниту стилот на кој Барселона го прими овој пораз, озобено негодувањето на некои фудбалерите од блауграната на судиските одлуки.
– Изгледа веќе го заборавија судијата Том Хенинг Овребо, кој минатата година против Челси ги одведе во финале. – изјави во негов препознатлив стил Жозе Мурињо.
„Специјалниот“
– „Балотели? Во Интер сум од 2009. година, и колку пати бев критикуван само затоа што се обидував да го научам како треба да игра и да се однесува. А тој во најважниот натпревар на целата сезона направи толку грда и лоша работа“, вели Мурињо
Интер најави санкции за младиот италијански репрезентативец.
Видео ЛШ : Интер со лекција за Барсa во 1/2 финалето