Португалскиот стратег Жозе Мурињо поради суспензија во наредните два натпревари нема да седи на клупата на Реал Мадрид.


На натпреварот од Копа дел Реј, против Мурсија кој Реал го доби со 5-1, Моу заработи црвен картон откако влезе во расправија со главниот судија на мечот.

Во соопштението на дисциплинската комисија на ФФШ се вели дека португалецот ќе ги пропушти мечевите против Хихон и Атлетик Билбао, но дека ќе ја предводи екипата на Ел Класико против Барселона на Ноу Камп на 29 ноември.