Новиот тренер на Интер, Жозе Мурињо стартуваше со реми на отворањето на новата сезона во Серија А во која нероазурите ја бранат титулата.

Синоќа во Џенова Интер на гостувањето кај Сампдорија одигра само 1:1. Гостите поведоа преку Ибрахимовиќ во првото полувреме, а во вториот дел кој комплетно и припадна на Сампдорија израмни Делвекио. Претходно Удинезе го совлада Палермо со 3:1. Останатите средби на програмата се денеска. Милан се среќава со Болоња, а дербито во 20:30ч. се игра во Фиренца каде Фиорентина го пречекува Јувентус.

ohridnews